Трамп дозволува населување само на 18.000 бегалци

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите да дозволи населување на само 18.000 бегалци во САД во 2020 година, што е најмал број во историјата на современата програма за бегалци.

Loading...

Овој потег, кој се смета за повреда на хуманитарните обврски на државата, беше објаснет со промена во фокусот на обработката на веќе постојните неколку стотици илјади барања за азил во САД.

Повеќето од овие барања, според Ројтерс, доаѓаат од мигранти од Централна Америка – Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, но и од Ирак.

Во исто време, Доналд Трамп издаде извршна наредба неговата администрација да побара дозвола од државните и локалните власти за преселување на бегалците во нивните заедници.

Leave a Reply