Трамп: Би влетал во училиштето во Флорида дури и без оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој го критикуваше одговорот на полицијата во неодамнешното пуквање во училиштето во Флорида, изјави дека дури и невооружен би влетал во училиштето во случај таму да се најде во моментот на престрелката.

– Не знаете додека не се најдете во таква ситуација, но мислам и навистина верувам дека би влегол таму дури и да не носам оружје, рекол Трамп во обраќањето пред гувернерите на американските сојузни држави во Белата куќа, пренесува АП.

Американскиот претседател изразил уверување дека поголемиот дел од присутните во просторијата би постапиле како него.

Неговиот годишен зимски состанок со гуверенирте во Вашингтон претежно бил фокусиран на последиците од масакрот врз 17 ученици и професори на 15. февруари во Флорида, напад кој го изведе ученик на тоа училиште.

Трамп уште еднаж укажал на потребата за примена на нов закон за контрола на вооружувањето и подобрување на безбедноста на училиштата.

Leave a Reply