За американскиот претседател Доналд Трамп демократскиот претседателски противкандидат Џо Бајден е „најлошиот кандидат во историјата“, а ова тој го кажа на митинг во Висконсин.
-Доколку загубам, што треба да направам? Повеќе би се кандидирал против некој што е исклучително талентиран, барем на тој начин можам да си одам и да си го водам животот, рече Трамп.
Трамп, кој се зарази со коронавирус, на средбата со приврзаниците повторно инсистираше на тоа дека е имун на заразата, кажувајќи дека неговото здравје брзо се подобри.
Трамп рече дека „сега може да скокнам во публика и сите да ги бакнам, и жени и мажи“, пренесе Гардијан.
Трамп продолжи да одржува политички митинзи и покрај заканата од коронавирусот, за кој беше хоспитализиран неколку дена претходно во текот на месецот.
Сашко Димевски