Трамп, сепак нагласил дека се надева на успешност на санкциите.
Британската агенција претходно објави дека Трамп зпочнува „најголем досега“ сет санкции против Северна Кореја.
Во својот говор кој Трамп треба да го одржи се најавува дека американското Министерство за финансии наскоро ќе преземе акции за да дополнително се пресечат изворите на приходи и енергенси кои, според Белата куќа, Северна Кореја ги користи за финансирање на нуклеарниот програм и одржување на војската.
Според најавата на Трамп, цел на новите мерки ќе бидат повеќе од 50 бродови, бродски компании и трговски фирми кои и помагаат на Северна Кореја во избегнувањето на санкциите.