Трајковска: Објавените фотографии се од настан организиран минатата година

Сподели со своите пријатели

Објавените фотографии на дел од порталите на кои наводно пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Трајковски ги крши протоколите за заштита од коронавирус, се од настан организиран минатата година, тврди таа.

Loading...

Трајковска упати демант до медиумите, кој ви го пренесуваме интегрално:

– Во врска со објавените слики на одредени социјални медиуми, а во насока на правилно информирање на јавноста дозволете ми да Ве известам дека на 19.06.2019 година Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК КУМАНОВО, чиј што претседател бев јас, организираше крводарителска акција во просториите на штабот Томбола во Куманово. Истите слики се злоупотребени и објавени на фб страни, лични профили и др.социјални мрежи за настан што е организиран минатата година и тоа исклучиво за политички цели на неколку дена пред стартот на кампањата за парламентарните избори. Упатувам посебен повик до социјалдемократите во Куманово во услови кога сме исправени пред предизвикот за заштита на здравјето на секој еден наш сограѓанин, да покажат вистинска грижа за граѓаните и да ги заштитат од лажни вести, стои во демантот на пратеничката Емилија Трајковска.

Никола Ивановски

Leave a Reply