Траги од диносаурус пронајдени во кинески ресторан

Сподели со своите пријатели

Меѓународен тим на научници потврди дека фосилизираните отпечатоци пронајдени во ресторан во југозападна Кина се на диносаурусите со долг врат кои живееле на Земјата пред околу 100 милиони години.

Loading...

Како што пишува агенцијата Ксинхуа, невиденото откритие минатата година го направил гостин на кинески ресторан и набрзо се појавил на насловните страници ширум светот поради неговата необична локација.

Сега, меѓународен тим од палеонтолози ги објавија своите наоди во најновото издание на списанието Cretaceous Research, откако користеле 3Д скенер за да ги анализираат трагите откриени во ресторанот.

Тие потврдија дека трагите долги 50 до 60 сантиметри најверојатно ги оставиле сауроподи долги осум до 10 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Со мали глави, долги вратови и опашки, се верува дека сауроподите се најголемите животни за кои се знае дека некогаш живееле на копно.

Сепак, ова монструозно суштество правело многу кратки чекори и одело со брзина од два километри на час, покажа студијата.

Сè започнало на 10 јули 2022 година, кога Оу Хонгтао, гостин во ресторан во градот Лешан во југозападната кинеска провинција Сечуан, забележал некои чудни вдлабнатини на земјата во дворот.

Бидејќи бил многу заинтересиран за палеонтологијата, тој шпекулирал дека трагите веројатно се отпечатоци од диносаурус и контактирал со Синг Лида, вонреден професор на кинескиот универзитет за геонауки и исто така познат експерт за диносауруси.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

Шест дена подоцна, Синг предводел тим од истражувачи да го истражат местото, кое е на само пет километри од Лешан џиновскиот Буда, најголемата камена статуа на Буда во светот.

Вдлабнатините биле забележани во 1950-тите, но во тоа време сопствениците на куќи ги покривале за да ја измазнуваат земјата.

Новите сопственици ја претвориле во трпезарија пред три години, а вдлабнатините беа повторно откриени, рече Синг, водечки автор на студијата.

Сепак, ништо не се сметало за невообичаено, сè до тој јулски ден во 2022 година, кога еден гостин ги забележал и сугерирал дека вдлабнатините можеби се повеќе од само дупки во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

„Отпечатоците одамна остануваат незабележани, но штом знаете од што потекнуваат, тешко е да ги пропуштите“, вели Ентони Ромилио, истражувач на Универзитетот во Квинсленд и член на меѓународниот тим.

„Овој регион нема скелетни записи за диносауруси, така што овие фосилни траги даваат вредни информации за диносаурусите што шетале низ областа“, истакна Ромилио.

Во соопштението за печатот, австралискиот истражувач исто така ја нагласи важноста на научните откритија направени од обичните луѓе.

„За некои среќни луѓе, откритијата можат да дојдат од неверојатни места дури и додека џвакате и јадете“, додаде тој.

Loading...