Трагедија во Битола – двајца млади луѓе десет дена лежеле мртви во мотел

Сподели со своите пријатели

Полицијата се уште не соопштува како настапила смртта кај двете лица, маж и жена, откако нивните тела се пронајдени во фаза на распаѓање во собата во мотелот „Пржо“ во Битола.

Loading...

Безживотните голи тела на починатите ги нашле вработени во мотелот вчера околу 16.30 часот, откако од собата подолг период никој не влегувал и не излегувал од датумот на чекирање, поточно на 24 октомври.

Вработените насилно ја отвориле заклучената врата и забележале две безживотни тела во фаза на распаѓање, јавува СВР Битола. Оттаму велат дека се додека не е завршена обдукцијата, органите на истрагата не можат да даваат информации за причините за смртта.

Момчето Ѓ.И. (33 години) ја изнајмило собата на 24-ти октомври за неколку дена, каде престојувале со  девојката К.И. (27), а подолго време никој не излегувал од неа.

Смртта ја констатирала екипа на итната медицинска помош од Битола.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.