ТППЕ КУМАНОВО: Не палете оган на отворено, стрништа и ѓубре

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна единица Куманово денеска упати апел до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, стрништа и ѓубре.

Loading...

Температурите во наредните денови ќе надминат и над 40 степени целзиусови и активирано е портокалово ниво на опасност.

Тоа носи и опасност од пожари.

– Се замолуваат жителите на Кумановски регион да не се пали оган на отворен простор, стрништа или ѓубре, стои во апелот на ТППЕ објавен на социјалните мрежи.

Ако забележите пожар јавете се на броеви 112 (Центар за управување со кризи) или 193 (Територијална противпожарна единица).

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Монодрама на Театар Куманово оди на фестивал во Германија