Топол викенд, па пад на температурите и услови за нестабилност од понеделник

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 38 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок и ќе има вредност 9.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува сосема слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 34.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, повремен дожд ќе има и преку ноќта кон вторник, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.