Топлотен бран во Шпанија, температури до 43 степени

Сподели со своите пријатели

Во Шпанија во неделата се забележани температури до 43 степени Целзиусови, предизвикани од топлото летно сонце во комбинација со топол воздушен фронт од Северна Африка.

Loading...

Шпанските метеоролози прогнозираат дека вториот топлотен бран оваа година би можел да трае до 14 јули, пренесува Ројтерс.

Највисоката регистрирана температура од 43 степени е измерена од реката Гвадалкивир во близина на Севиља на југот на Шпанија и во Бадахоз, на западот на земјата.

Локалните власти во Ла Риоха на северот на Шпанија соопштија дека 90 пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот што избувна синоќа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски воен брод гореше 12 часа во близина на Јапонија (ВИДЕО)

Властите на Андалузија изјавија дека во Ел Ронкило, во близина на Севиља, поради пожарот морале да бидат евакуирани околу 100 луѓе.