Топлотен бран во Франција – температури до 40 степени

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од Франција оваа недела ќе биде зафатен од топлотни бранови со температура до 40 Целзиусови степени.

Loading...

Во Париз е можна температура од околу 37 степени, соопшти француската метеоролошка служба.

Тамошните медиуми денеска јавија дека високата температура ќе биде од среда до сабота, а топлотниот бран најмногу ќе го зафати јужниот дел на Франција.

До 40 степени ќе има во Тулуз, Бордо, Бијариц и Лион. На север температурата ќе биде малку пониска со околу 37 степени во Париз и Рајна, додека Лил како најсеверен град ќе забележи околу 34 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Топлотниот бран доаѓа од Португалија, соопштија метеоролозите и додаваат дека и ноќите ќе бидат топли.