Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Температури до 40 степени!

Сподели со своите пријатели

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Дневните температури, како што посочуваат од УХМР, насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Пари“ ексклузивно: За најпрофитните извршителки секоја година по два стана

Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво.

Никола Ивановски