Топло со температури до 36 степени, попладне можна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време во претпладневните часови со максимална дневна температура од 31 степен. Во попладневните часови се очекува продор на нестабилна маса со услови за врнежи и грмежи.

За време на викендот, според УХМР на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.

Leave a Reply