Топло на првиот училишен ден со температура до 38 степени

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло со мала облачност во планинските региони и со слаб ветер од југоисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло и температура до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во текот на работната недела продолжува периодот на топло и претежно стабилно и суво време.

Зголемена облачност сепак ќе има во среда кон крајот на денот и преку ноќта, повеќе во северните делови од земјата, но во попладневните часови на крајниот запад ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.