Топло и сончево време до крајот на работната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 дои 19 степени, додека максималните дневни температурни вреднсоти ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе го достигне 33-от степен.

Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време во кој дневните температури ќе бележат пораст, а до средината на седмицата на повеќе места ќе надминуваат 35 степени.

Во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност.

Од петок температурите позначително ќе опаднат и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.

 

Loading...