Топењето на глечерот откри тајна криена со векови под мразот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Истражувачите откриле стара Викиншка железна стрела на југот на Норвешка, поточно нејзиниот врв, а ова откритие било помогнато од климатските промени

Loading...

Врвот е долг околу 18 сантиметри, а покрај тоа биле пронајдени остатоци од стрелата, како и еден пердув за кој се верува дека бил дел од ова оружје.

Уште еден глечер се распадна на парчиња: Антартик се загрева уште побрзо

Тим научници кои работат на истражување и ископ на глечерот Јотунхајмен е дел од Археолошката програма за глечери која досега открила над 2000 објекти во мразот.

Најстариот од нив е стар 6000 години. Меѓу предметите се најразлични алатки, кожа и облека, како и коски од животинско потекло.

Археолозите забележаа дека климатските промени длабоко влијаеле на глечерите кои почнуваат да се топат, ослободувајќи ги овие предмети што биле заробени со векови.

Глечерите низ Норвешка ги чувствуваат ефектите од климатските промени.

ГЛЕЧЕРИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ: Климатските промени ги менуваат Алпите

Loading...

Иако ова значи дека археолозите ќе откријат нови интересни артефакти, постои и можност овие објекти да бидат уништени со топење на мразот.

Leave a Reply