Топ 10 најголеми компании во Македонија со добивка од дестици милиони евра

Сподели со своите пријатели

Вкупната добивка на 100-те најпрофитни компании во 2021 година е 735,5 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк. Нивните профити се движат од 2 милиони евра до речиси 80 милиони евра.

Loading...

На самиот врв се индустриски капацитети и рудник, а веднаш зад нив, по третата ранг позиција, се пласирани компании кои се неопходни во секојдневието на луѓето, како за нормално функционирање на домаќинствата, така и на компаниите, па тука е „Макпетрол“ со профит од 22,3 милиони евра, „Телеком“ со 27,9 милиони евра…

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО 2021 ГОДИНА

Компанија Добивка 2021

Џонсон Мети ДООЕЛ Скопје 79,8 милиони евра

ИГМ-ТРЕЈД Илија и др. ДОО Кавадарци 51,2 милиони евра

Рудник САСА ДООЕЛ Македонска Каменица 35,4 милиони евра

ЕВН Македонија АД за услуги Скопје 28,0 милиони евра

Македонски Телеком АД- Скопје 27,9 милиони евра

Loading...

Макпетрол АД – Скопје 22,3 милиони евра

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Алкалоид АД Скопје 20,8 милиони евра

ТЕ-ТО АД-Скопје 20,6 милиони евра

Цементарница УСЈЕ АД Скопје 19,1 милион евра

Клиничка болница Аџибадем Систина Скопје 17,4 милиони евра

КОИ СЕ НА САМИОТ ВРВ?

Со најголем профит во 2021 година е „Џонсон Мети“. Ова не е за изненадување за познавачите на команиите. Таа компанија е веќе позиционирана во државава како компанија со најголем приход и со најголема добивка.

Минатата година приходот и бил над 2 милијарди евра, а добивката 78,8 милиони евра. Ова покажува дека и покрај тоа што е компанија со најголема добивка, нејзината профитабилност како удел на остварениот профит во вкупниот приход е ниска и е 3,8 проценти.

Британската компанија за катализатори за возила, во Македонија е присутна од 2010 година.

Loading...

Втора најголема компанија по добивка е „ИГМ трејд“ која лани направила 3 пати поголема добивка од 2020 година. „ИГМ трејд“ важи за еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профили во Југоисточна Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Таа минатата година направила приход од 182,7 милиони евра и тој и донел добивка од 51,2 милиони евра, од што може да се заклучи дека оваа компанија има висока стапка на профитабилност од 28 проценти како сооднос меѓу добивката и приходот.

Рудникот за олово и цинк „Саса“ со добивка од 35,4 милиони евра се позиционирал на третото место по направен профит во државава во 2021 година.

Вкупниот приход што го релизирал рудникот бил 95 милиони евра, што значи дека тој има голема стапка на профитабилност од 37,2 проценти. Од 2017 година, Рудник Саса е во сопственост на интернационалната компанија „Централ Азија металс“

КАКВА БИЛА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА НЕОПХОДНИТЕ?

На четвртото место по добивка е „ЕВН Македонија“. Но, таа не учествува во формирање на цената на струјата.

Во формирањето на цената, како дел од австриската групација е универзалниот снабрувач со струја “ЕВН хоум“ и дистрибутерот „Електродистрибуција“ кои пак минатата година ја завршија со загуба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Притоа „ЕВН хоум“ лани беше во загуба од 703.000 евра, додека минусот на „Електродистрибуција“ е дури 39,8 милиони евра.

Добивката на „ЕВН Македонија“ е 28 милиони евра. Таа лани остварила приход од 77,2 милиони евра, со што учеството на добивката во приходот бил 36,2%.

Loading...

Петото место го зазема „Македонски телеком“. Компанијата остварила приход од речиси 184 милиони евра, а тоа и донело добивка од 27,9 милиони евра. Ова покажува ниво на профитабилност од 15 %. Собранието на Друштвото донесе одлука целата оваа добивка да се распредели како дивиденда.

„Макпетрол“ како најголем продавач на нафтени деривати е компанија со огромно влијание врз состојбата во економијата. Компанијата лани остварила приход од 365 милиони евра, а добивката и била 22,3 милиони евра и нејзиното учество во приходот е 6%.

Извор: пари.мк