Тони Блер: Војната во Украина ќе заврши кога Путин ќе сфати дека не може да победи

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши само кога рускиот претседател Владимир Путин „кристално јасно ќе стави до знаење дека неговите воени амбиции не можат да се остварат“.

Loading...

„Оригиналните воени амбиции на Путин се распаднаа, Украинците покажаа неверојатен стоицизам и храброст, а Западот и НАТО дадоа обединет одговор“, изјави Блер за Би-Би-Си.

Тој додаде дека последната „надеж“ на Путин е решителноста на Западот некако да се распадне и да пропадне.

Поранешниот британски министер за надворешни работи Лорд Хејг денеска изјави дека верува оти крајот на руската војна во Украина е „далеку“ и додаде дека вчерашните закани на Путин за тестирање нуклеарно оружје „го водат светот во погрешна насока“.

„Путин не може да користи нуклеарни закани за да не спречи да ја браниме Украина од агресија“, рече Хејг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.