Толку од дождот – летото се враќа со температури над 30 степени

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денес се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност, а долж Повардарието ќе дува умерен северен и северозападен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од  12 до 19, а дневната од 23 до 29 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со постепен пораст на дневните температури. Особено топло се очекува кон средината на наредната седмица кога наместа дневните температури ќе се искачат и над 30 Целзиусови степени.

УВ-индексот во наредните денови ќе има вредност 6.