Токаев освои 82,45 отсто од гласовите на изборите во Казахстан

Сподели со своите пријатели

Актуелниот претседател на Казахстан, Касим Јомарт Токаев победи на претседателските избори одржани денеска со 82,45 отсто од гласовите, покажува излезната анкета на институтот „Отворено општество“.

Loading...

Тој во говорот во неговиот изборен штаб им се заблагодари на гласачите и најави дека земјата „ќе премине во нов облик на политички систем“ и дека уставните реформи ќе се спроведуваат доследно, без да прецизира за кој систем станува збор.

„Уставните реформи ќе ги спроведеме доследно и јасно. Се движиме кон нова форма на политичкиот систем на земјата“, најави Токаев, пренесува ТАС С.

Тој најави и економски реформи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црвен аларм во Британија: Милиони повикани да останат дома поради бурата Дара

„Ќе се потрудиме да го подобриме животниот стандард на луѓето, но за спроведување на овие цели е потребно единство. Затоа ве повикувам да се обединиме“, нагласи Токаев.

Покрај Токаев, кој беше апсолутен фаворит во предизборните анкети, на изборите учествуваа уште пет кандидати – Каракат Абден, Меирам Кажикен, Нурлан Аусбаев, Салтант Турсјунбокова и Жигли Дајрабајев, пренесува Ројтерс.

Токаев застана на чело на Казахстан во 2019 година, по оставката на тогашниот претседател Нурсултан Назарбаев, а доколку се потврдат резултатите од излезните анкети, тој ќе го продолжи мандатот за уште седум години.