Тој е подготвен за првото пресадување на човечка глава во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Валери Спиридонов (31), пациент од Русија објавил дека е подготвен за трансплантација на глава, прва операција од ваков тип во светот.

И додека Спиридонов е во исчекување на овој екстремно комплициран зафат, критичарите порачуваат дека сето тоа е само фантазија. Спиридонов е научник кој боледува од Вердниг-Хофманова болест – врзан е за количка и има атрофија на спиналните мускули.

Спиридонов поради тоа се повеќе се движи, дише и голта. статистиката вели дека поголемиот број луѓе со оваа болест умираат во првит егодини од животот, а само 10% од нив стануваат возрастни. Спиридонов вели дека сака шанса да има ново тело, пред болеста да го убие.

Операцијата планира да ја спроведе др. Серџо Канаверо од Италија. Тој тврди дека може да му ја отсече главата од едното тело, да ја споси до друго со помош на магична состојка (супстанца која се нарекува полиетиленски гликол) и дека главата и натаму ќе остане „жива“.  Спиридонов е волонтер за оваа операција – телото ќе дојде од донор кој има здраво тело, но е во кома поради мозочна смрт.

Деталите од овој зафат ќе бидат јавно објавени во септември. Спиридонов рекол дека е свесен за ризикот, но дека сака да се обиде и да има поддршка од семејството.

Операцијата ќе трае 36 часа, а ја нарекле HEAVEN (рај), а трошоците ќе изнесуваат околу 14 милиони фунти. првата трансплантација на глава на животно ја извел американски невролот Роверт Вајт во 1970 година. Успеал да трансплантира глава од еден мајмун на тело на друг, но мајмунот починал осум дена откако телото и главата биле заменети.

Пред да почине во 2010 година, желба му била да се обиде таа трансплантација да ја изврши ан физичарот Стивен Хокинг и актерот Кристофер Рива, кој во меѓувреме почина.

 

Loading...