Тодоров сепак останува министер за здравство (видео)

Сподели со своите пријатели

Никола Тодоров сепак ќе остане министер за здравство откако вчеранавечер  нешто пред полноќ, Собранието со 56 гласа „против“ и 29 гласа „за“ не ја прифати интерпелацијата за неговата работа, поднесена од пратениците од опозицијата.

Тие побараа оставка на министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти. Според интерпелацијата, Тодоров треба да си даде оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Loading...

Пратениците од ВМРО¬-ДПМНЕ сметаа дека интерпелацијата е неоснована и без аргументи, а како аргумент ги посочија инвестициите реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавката на современа медицинска опрема, проектите со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени цени на лекови и вработен е медицински кадар.

Во времето на расправата во Собранието, граѓани со протест побараа негова оставка.

Изјава за новинарите даде и мајка на починатата Тамара од Велес која почина поради задоцнета реакција на надлежните, контра говорот на Тодоров пред пратениците по повод интерпелацијата, во кој не беше спомнат ниту еден од случаите во кој починаа македонски пациенти и родилки, како Тамара, родилката и нејзиното бебе во Гевгелија, родилките од Скопје и Тетово.

Тодоров зборуваше само за проектите кои ги реализирало Министерството за здравство.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.