ТМРО поднесе седум приговори на гласањето во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

До Државната изборна комисија ТМРО поднесе седум приговори на изборниот процес во Старо Нагоричане.

Loading...

– Со класичен „бугарски воз” СДСМ се обидува да дојде до победа и градоначалничко место. Поднесени се приговори на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182 Челопек, 1.183 во Олгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуља. Овие избирачки места се на вкупно 1.050 избирачи, а предноста на СДСМ е од 240 гласа, па влијае на конечниот резултат. На овие места по првото броење и направен записник, извршено е второ броење со сосема други бројки, кои во вкупниот збир доведоа до првичните резултати. Преку овластен претставник до ДИК поднесовме седум приговори и бараме отворање и броење на гласачките кутии на овие места. Очигледно е дека со изборен фалсификат се краде победата на нашиот кандидат – стои во соопштнието на ТМРО.