Тинејџерката со најдолга коса во светот се потстрижа за прв пат по 12 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

18-годишната Ниланши Пател од Индија е запишана во Гинисовата книга на рекорди од 2018 година како личност со најдолга коса.

Loading...

Таа не стапнала во фризерски салон од својата 6-та година, но сега решила да ги исече своите долги кадрици.

Таа ја истрижала косата за прв пат по 12 години.

На последното официјално мерење, во јули 2020 година, нејзината коса била долга 199 сантиметри. Таа го заработи прекарот Златокоса.

„Мојата коса ми даде многу, многумина ме познаваат во реалниот живот, и сега е време некако да и’ вратам “, рече тинејџерката во официјалното соопштение.

Косата ја донираше на Гинисовата книга на рекорди, која ќе биде донирана во добротворна организација, музеј или ќе се најде на аукција.

Видеото со фризурата на Патела за два дена е прегледано повеќе од милион пати на Јутуб.

 

Loading...

Leave a Reply