Тинејџерката се породила сама во бањата: Упатствата ги гледала на Јутјуб

Сподели со своите пријатели

Девојка (17) во Индија родила бебе во својот дом користејќи упатства преку видеа на Јутјуб бидејќи ја криела бременоста од семејството, соопштила полицијата.

Бебето го родила на 20 октомври, но нејзиното семејство за породувањето дознало дури два дена подоцна кога го слушнале плачот на новороденчето од нејзината соба.

Веднаш ја однеле во болница, мајката и бебето сега се добро и закрепнуваат, велат од полицијата.

 

 

Полицијата поднела кривична пријава против таткото (21), бидејќи девојчето е се уште малолетно.

-Беа во врска, еден ден отишол кај неа дома и имале сексуален однос. Кога дознала дека е бремена, молчела, не се осмелила да им каже на родителите – соопштиле од полицијата.

Мајката на девојчето, која има оштетен вид, не ја забележала бременоста на нејзината ќерка, а таткото кој работи како ноќен чувар дење едвај го гледал семејството.

 

 

Носела и широка облека, која многу и помогнала во покривањето на стомакот, пренесува Independent.

– Студирала се за породувањето, гледала видеа за бременоста. Видеото од породувањето го гледала додека се пораѓала, дури и сама ја пресекла папочната врвца – велат од полицијата.

Двете семејства знаеле за нивната врска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години. Таа молчела за доброто на двете семејства, плашејќи се дека тоа може да предизвика несогласувања меѓу нив.