Таа ноќ во дискотеката никој не си поминал како неа! Опкружена со играчи, една девојка од Франција, на подиумот на ноќен клуб, роди бебе.
Девојчето, чиј идентитет не е откриен и има 19 години, дошло во диско во неделата вечерта.
Таа се забавувала и играла до 5:30 часот наутро кога почнале да се јавуваат породилните болки.
Прв пат се породила на 13 години, сега е мајка на 44 деца (ВИДЕО)
Раѓањето се случило во диско клубот „О Клуб“, во францускиот град Тулуз.
Според локалните медиуми, вработените во клубот помагале при породувањето.
Woman, 19, gives birth in a French nightclub after partying till 5.30am… and her child is given free entry for life https://t.co/S4bfZfCK3H
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 13, 2019
Менаџментот на дискотеката најави дека кога ќе дојде време, новороденче секогаш ќе има бесплатен влез во нивниот клуб.
„Помина шест часот наутро, кога ја затворивме дискотеката. Немаше многу луѓе, но во еден момент ми се јавија и рекоа дека е вонредна состојба. Отидов на подиумот и видов дека девојчето раѓа “, изјави Мери Елен од администрацијата на дискотеката.
Се започнало кога еден млад човек, инаку гостин на клубот танцувајќи на музиката, го видел девојчето како лежи на подиумот.
Се породила со царски рез, па по четири години сфатила дека нема еден бубрег
Персоналот на клубот реагирал брзо и повикал брза помош. Од службата им давале инструкции на персоналот што да прават за да го олеснат раѓањето на девојчето сè додека не пристигнат лекарите.
Според локалните медиуми, девојчето одело во клуб со пријател, а не пиело алкохол ноќта на пораѓањето.
СЕ ПОРОДИЛА „МРТВА ПИЈАНА“: Лекарите занемеле кога го прегледале бебето
Бебето на крајот се родило на танцовиот подиум, опкружено со луѓе кои уживале во ноќата забава.
Полот на бебето засега не е откриен, а здравствените служби соопштија дека мајката и бебето биле во добра здравствена состојба.