Прв пат се породила на 13 години, сега е мајка на 44 деца (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маријам Набатанзи (37) од Уганда, прогласена е за најплодна жена во Африка затоа што родила 44 деца.

Loading...

За неа велат дека е и најплодна жена во светот која се пораѓала 44 пати, а сите деца се зачнати со ист татко.

Родила три пати четворки, четири пати тројки, шест пати близнаци, а поради тоа го добила прекарот „налонго музала бана“ што во слободен превод значи „Мајка на близнаци која раѓа четворки“.

Маријам, поради ретко хормонско пореметување – хиперовулација, произведува неколку јајце клетки во еден циклус. Кај ваквата хиперовулација, доколку се намножат јајце клетките, а не се оплодат, може да се уништи репродуктивниот систем.

Највозрасното дете има 23, а намладото четири месеци.

Прв пат останала бремена кога имала 13 години.

Кога од лекарот барала совет да ја намали својата плодност и било кажано дека може дехормонална контрацепција би можела да наштети на нејзиното здравје и идно раѓање.

– Живеам со 21 дете, неколку од моите деца ги усвоија парови кои не можат да имаат деца, додека останатите живеат со нашите роднини и членови на семејствата кои ни помагаат да ги прехраниме и одгледаме.

Loading...

Како што велат експертите кои ги набљудувале децата, тие се исклучително здрави и натпросечно интелигенти.

Маријам сега е самохрана мајка, бидејќи нејзиниот сопруг по последното породување ја напуштил. Сама го издржува семејството и како што вели нејзините деца се благослов, а не товар.

Leave a Reply