Тинејџерка од Матејче се породила, па бебето го фрлила во река

Сподели со своите пријатели

На 19.08.2016 година околу 11,30 часот во СВР Куманово од страна на медицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа Болница Куманово е пријавено дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од с.Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана за бременоста, на 18.08.2016 година почнала да крвари, по што отишла во тоалет во нејзината куќа каде се породила.  Истата го извадила бебето по што го фрлила во река што поминува зад нејзината куќа. Откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во Општа болница во Куманово.

Со настанот е запознаен Јавен Обвинител од ОЈО Куманово, по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М. ќе биде извршен гинеколошки преглед, а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предадено на судска медицина заради обдукција.

Извршен е комплетен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.