Тинејџери од Слупчане заработја кривична пријава за насилство

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р. (18) и петнаесетгодишник, двајцата од с. Слупчане-општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 26.04.2016 година, во Куманово на ул. „11-ти Октомври“, по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале Љ.Ш. и С.А., двајцата од селото Оризаре, удирајќи ги со тупаници, а на С.А. со нож му нанеле расекотина во пределот на главата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.