Тинејџери од Куманово претепале 16-годишно момче, ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К. (17), М.Л. (18) и Д.Ч. (17), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на 16ти месецов во 23.00 часот на улицата „Тоде Думба“ во Куманово  пријавените физички нападнале 16-годишник, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Откако паднал на асвалтот продолжиле да го удираат со клоци по телото и главата, при што му нанеле повреди по телото и главата.