Тинејџери од Куманово добија кривични под сомнение за насилство

Сподели со своите пријатели

Тројца тинејџери од Куманово добија кривични пријави под сомнение дека физички нападнале и повредиле друго лице.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(18), Д.С.(19) и 17-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 08.03.2025 во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале М.И. и му нанеле повреди.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, украл пари од приватен имот