Тинејџер влегол во езеро со крокодили за да ја воодушеви девојката (видео)

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишниот Ли Де Пау успешно се опоравува од пворедите кои му ги нанел крокодил на кој налетал кога влегол во езеро преплавено со такви животни во северниот дел на Квинсленд во Австралија.

Крокодилот му ја скршил раката и му нанел неколку рани, а сето тоа се случило затоа што сакал да импресионира непозната девојка, пренесува „Тајм“.

Кратко откако влегол во водата, Де Пау бил нападнат од крокодилот. Го гризнал за рака и се обидел да го удави, но момчето за среќа успеало да избега и да се извлече со минимални повреди.

Прво го удрив по муцката, па подоцна и во окото и тогаш ме пушти – рекол Де Пау на новинарите.

https://www.youtube.com/watch?v=C3HLyR-CDYQ

Loading...