Тинејџер украл автомобил па удрил во скапоцено „Ламборџини“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

14-годишник од Австралија на најлош можен начин ја завршил ноќта, одлучувајќи да украде автомобил и малку да се повози.

Loading...

Австралиската полиција го барала украдениот Субару Фостер минатата недела. После едночасовно пребарување, тие го забележале во предградието на Перт и се обиделе да го запрат возачот.

Сепак, тој потоа се вратил наназад, удри во полициско возило и избегал, за да стави крај на полициската потера во следниот градски блок.

Поточно, малолетникот крадец удрил во скапиот теренец Lamborghini SUV додека траела бркотницата.

Жолтиот Урус, вреден над 250.000 евра, претрпел голема штета како и украдениот Субару, но за среќа нема повредени.

Полицијата го уапсила 14-годишникот, кој е обвинет за кражба и провала, а бегањето од полицијата и оштетувањето на двете возила сигурно нема да му помогнат.

Leave a Reply