Тинејџер спасен по 119 часа. Носеше дрес на Фенербахче, клубот му испрати порака

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишно момче е извлечено живо од урнатините на уништената зграда во турскиот град Кахраманмарас 119 часа по разорниот земјотрес што ги погоди земјата и Сирија.

Loading...

Во драматичните сцени прикажани во живо на филијалата на Си-Ен-Ен, Си-Ен-Ен Турк, Камил Чан беше извлечен на површина со насмевка на лицето.

Се чинеше дека е во добра форма.

Спасувачите рекоа дека биле поттикнати да ја пребараат локацијата откако го слушнале неговиот глас под урнатините.

Камил go носеле на носилки кај роднините кои го чекале и го бакнувале.

Тинејџерот го носеше дресот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче. Клубот му испрати трогателна порака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Турција е подготвена да ги поддржи мировните преговори меѓу Русија и Украина во секој чекор

„Вечерва по 119 часа имаме солзи во очите, повторно веруваме во чуда! Имаме уште многу игри пред нас, те чекаме Камил!“, порачаа тие.

 

Loading...

https://youtu.be/ikjTuBfqNGE

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.