Тимошенко го повика Зеленски да претстави план Б: Украина вака нема да може уште долго

Сподели со своите пријатели

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, денеска го повика претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да им го претстави на Украинците таканаречениот план Б, кој треба да ја изведе земјата од „тешка и прилично трагична ситуација“.

Loading...

„Сакам да му се обратам на претседателот и да го прашам. Да, денес сите сме за победа, за Украина, за територијален интегритет. Но, на Украина ќе ѝ биде многу тешко да води долготрајни војни како оваа што се води денес. И затоа го замолувам претседателот: понуди на земјата план Б за нашата победа. Понудете излез од оваа тешка, прилично трагична ситуација. Покажете го вашето лидерство. Мора да дејствуваме јасно, рационално, стратешки и победнички. И да не влегувам во слеп агол, ако некому тоа му се допаѓа“, рече Тимошенко во видеото што го пренесоа украинските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Поранешната премиерка на Украина не посочи каков би можел да биде тој план Б.

Од друга страна, познато е дека „планот А“ на Зеленски предвидува продолжување на борбите до враќање на границите од 1991 година и неподготвеност да преговара со Москва за каков било прекин на огнот, додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин.

Покрај тоа, Тимошенко предложи да се испратат членови на сите безбедносни структури во земјата на фронтот – од полицијата и државното обвинителство, преку други агенции за спроведување на законот, бидејќи сите тие знаат да користат оружје и „знаат да се борат“.

Според нејзината проценка, ова е подобро отколку да се намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години, пренесува РТ Балкан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.