Тиктокерка признава: Имам 32 години и повеќе сакам кучиња, децата се здодевни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена без деца ги повика луѓето да престанат да и кажуваат дека ќе зажали што нема да основа семејство. 32-годишната ТикТокерка Cheffychefcheff сподели видео во кое се жали на постојани критики поради нејзината одлука да нема деца.

Loading...

“Навистина би сакала луѓето да престанат да ми кажуваат дека ќе се каам што немам деца. Не ги сакам, тие се досадни”, рекла таа.

Таа, исто така, го оспори предлогот дека „поинаку е кога се твоите деца“, додавајќи: „Се сомневам во тоа. Гарантирам дека се уште се досадни“.

Освен неа, ниту нејзината партнерка не сака деца.

„И кажав деца или кучиња. Кучињата победија“, заклучила таа.

Луѓето веднаш го коментираа видеото, а со нејзиниот став се согласија дури и нејзините родители.

„Како некој кој исто така мрази деца и ги има, можам да потврдам дека се уште подосадни кога се ваши“, „Апсолутно се согласувам. Никогаш не сакав деца, никогаш не ги имав и никогаш не зажалив за мојата одлука“, „ Имам куче и три возрасни деца. Повеќе ги сакам кучињата. Не мора да имаш деца само затоа што се деца“, велат тие.

„Луѓето не треба да го прават овој разговор. Има многу причини зошто имаме или немаме деца. Тоа е лична одлука“, заклучи едно лице.

Loading...

 

@cheffychefcheff Back off Brenda #foryou #childfree #lgbtq ♬ original sound – Cheffychefchef