Со месеци, TikTok е најпреземуваната апликација за iPhone. Оваа апликација ги воодушеви младите луѓе, а за време на пандемијата на коронавирусот, за многумина беше главен извор на забава.
Сепак, според податоците на аналитичката компанија „Sensor Tower“, во периодот од 1 април до 30 мај, местото на најпопуларната апликација го освои Зум, апликација за видео конференција.
Зум е преземен 94 милиони пати, додека TikTok има 71 милиони преземања.
Фејсбук станува „мрежа за старци“, пристигнува „ТикТок-от на Инстаграм“ како решение
Аналитичарите посочуваат дека овој успех е исклучителен затоа што е реткост ваквите „сериозни“ апликации да надминат повеќе од 50 милиони преземања. Обично, ваквите импресивни броеви се резервирани за видео игри или социјални мрежи, јавува порталот Зимо.
Ако преземањата од обете продавници – App Store и Google Play Store – се комбинираат, тогаш се гледа дека Zoom, TikTok и видеоиграта Pokemon GO припаѓаат на елитниот клуб на апликации што надминаа повеќе од 300 милиони преземања во еден квартал.
Со оглед на тоа што работите сè уште не се вратија во „нормала“ и дека многумина сè уште работат од дома, ќе биде интересно да се види како ќе продолжи ова „натпреварување“ по бројот на преземања.