ТИЕ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ! Пред вас е список на десетте највлијателни луѓе кои сепак никогаш не живееле

Сподели со своите пријатели

Веќе се направени стотици списоци со највлијателни луѓе што некогаш живееле, спортисти, актери, политичари … Но, оваа листа е нешто поразлична, бидејќи ги носи најважните луѓе кои никогаш не живееле!

Loading...

Дедо Мраз

Кое дете не се радува на Дедо Мраз кога се спушта низ оџакот и му носи подароци за Божиќ? Ликот на убав дедо кој живее во Лапонија сè уште ги воодушевува децата, а сеприсутната Кока Кола има големи заслуги за неговата популаризација.

 

 

Барбика

Барби премина од млада жена која беше пример за децата, до тоа да се запрашаме, еј, која е всушност Барби? Таа денес ги диктира сите можни стилови (не знаеме ни колку различни улоги има Барби), а во еден момент дури и се разведе од својот сакан Кен…

Loading...

Робин Худ

Ова отвора можност за дебата дали Робин Худ постои или не, но овој лик од Шервуд Форест е херој на малите луѓе. Неговата идеја да земе од богатите за да им дава на сиромашните и да ги изедначи социјалните неправди е позитивна, па така Робин Худ и денес се споменува како борец за правда.

Каубои

Па, се разбира дека тие постоеле, но не на начинот на кој децата ги доживуваат. Во детството, чести биле игрите со каубои и индијанци, а каубојот, по правило, секогаш бил одличен лик кој претставувал храброст, заштита, цивилизација и сила.

 

 

Марлборо Ман

Loading...

Малкумина знаат како Марлборо првично се продаваше и рекламираше како цигара за жени. Но, кога култниот каубој излезе на сцена за рекламирање, мажите започнаа масовно да пушат Марлборо. Оваа маркетинг кампања се смета за една од најдобрите направени досега.

Роузи

Можеби не толку добро позната, но со својот изглед, став и мотото „Можеме да го направиме тоа“, мотивираше и охрабри многу жени да направат се што можат мажите. Создадена е за време на Втората светска војна и доведе многу жени да започнат да работат, на пример, во фабрики, кои дотогаш се сметаа за машка работа.

 

 

Дедал и Икар

Денес, за неколку часа можете да летате од едниот крај на другиот крај на планетата. Но, се поставува прашањето кој би се сетил на тоа, а да не беа овие митски летачи, Дедал и Икар. Иако летот на Икар не заврши среќно, тој подоцна мотивираше многумина да започнат да размислуваат за оваа идеја.

Loading...

Шерлок Холмс

Создаден од пенкалото на Артур Конан Дојл, Шерлок е детектив за кого нема нерешлив случај. Неговата популарност расте само со текот на годините, а кој ќе спомне детективи, секогаш се сеќава на него. Повторно стана актуелен во последните неколку години, благодарение на сериите и филмовите со Роберт Дауни Џуниор.

 

 

Големиот Брат

Loading...

Визијата за иднината во која секој наш чекор ќе биде видлив и внимателно следен беше презентиран од англискиот писател Џорџ Орвел во своето дело во 1984 година. Името на Големиот брат секогаш се споменува кога се донесува закон со кој се намалува слободата на луѓето, затоа и често се вели: Ве гледа Големиот брат.

Ромео и Јулија

Љубовниците на Шекспир од Верона, кои на крајот завршуваат трагично поради несогласувањата на нивните семејства, сепак се едни од најубавите љубовни приказни кои инспирираат многумина. Направени се различни филмови, напишани се многу книги, но секогаш кога некој сака да истакне голема љубов, секогаш се споменуваат имињата на Ромео и Јулија.

Leave a Reply