Тетовец измамен во Куманово за 2.000 евра

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен жител на Тетово бил измамен во Куманово за сума од 2.000 евра за наводна набавка на градежен материјал.

Loading...

– На 15.01.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 27- годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2. 000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово му ги дал парите.

Како што е пријавено, кога отишол во градежната фирма сфатил дека е измамен.

– Се преземаат мерки з арасчистување на случајот, додаваат од кумановската полиција.

Никола Ивановски