Тестирањето започнало: Гугл воведува иновации во својот пребарувач

Сподели со своите пријатели

Гугл започна со тестирање на нова верзија на изгледот на својот компјутерски пребарувач. Промената не е радикална, но може да биде корисна за многумина и делумно потсетува на опцијата Discover од мобилни уреди. За корисниците кои се дел од овој тест, на пребарувачот на Гугл се појави опција за прикажување виџети или специјални јазичиња.

Loading...

Тие се наоѓаат на дното на екранот и се прилично ненаметливи за да не го нарушат премногу „чистото“ искуство на главната страница на Гугл. Табовите се базираат на сите податоци што  Гугл ги собрал за вас, односно на активностите на корисниците, што значи дека тие треба да им покажат важни и корисни информации. За оние на кои не им требаат такви информации, на главната страница на пребарувачот има копче кое треба да се кликне за да се отстранат графичките контроли.

 

 

Првиот таб на екранот дава информации за времето и температурата, а кога стрелката на глувчето е поставена над ознаката, се прикажува и временската прогноза за следните 3 дена. Вториот таб содржи информации за трендовите, односно важни вести за корисникот, проследено со таб со предлози за популарни филмови и серии, информации за берзите, петтиот додаток се однесува на локални настани, додека последниот таб прикажува вести за новиот коронавирус.

Со кликнување на овие виџети се отвораат нови информации или резултати од пребарување за тие информации.