Тестиран новиот Ренџ Ровер теренец (видео)

Сподели со своите пријатели

Иако теренското возило по дефиниција би требало да ги совлада тешко пристапните места, во реалноста ретко кое возило е целосно употребливо надвор од градот и асфалтот.

Откога постои, „Ренџ Роверот“ отсекогаш бил синоним за освојување тешко достапни терени. Токму на таква локација, британскиот гигант пред извесно време ги покажа можностите на својот хибрид „Ренџ Ровер Спорт ПХЕВ“…

Роверот успешно ги мина прочуените 999 скали кај „Небесните врати“ на планината Тјананмен во Кина кои некаде се накосени и под агол од 45 степени, а сето тоа по минувањето на 99 остри кривини на 11 километри долгиот Змејов пат.

Со возилото управуваше некогашниот шампион нa тркaтa „24 часа Ле Ман“, Хо-пин Тунг, кој е сега возач на „Јагуар“ во Формула 1. / МИА

Loading...

Leave a Reply