ТЕСТ: Што најпрво забележавте на фотката?

Сподели со своите пријатели

Психологијата одамна ги користи тестовите со илузии, кои се најдобриот начин за луѓето на истата слика да видат нешто што само ним им е својствено, а на тој начин да откријат и нешто повеќе за себе. Без да размислувате долго и без да ја анализирате сликата, фокусирајте се на она што прво би паднало во очи, дајте му форма и пронајдете го вашиот одговор подолу.

Череп

Вие сте кревка и трпелива личност. Природно сте надарени со способноста да ги разбирате другите. Имате силно изразена емпатија. Знаете како да ги примите идеите и размислувањата, и истите објективно да ги процените. Брзо учите и на тој начин и подобро се прилагодувате на новите околности. Во принцип, слободно можете да се сметате за паметни луѓе, што ретко носат погрешни одлуки. Исто така, многу сте великодушни кон другите, па затоа и ве почитуваат и ценат.

Девојче

Вие сте креативна личност, надарена со посебен шарм. За поголемиот дел од луѓето претставувате загатка и најчесто сте од оние за кои се вели: „Има нешто во неа/него, нешто чудно и привлечно.“ Но околу вас исто така има и луѓе што завидуваат, бидејќи ги лишите од вниманието што постојано го привлекувате кон себе. Во личните односи се отворате како таинствена кинеска кутија за накит – чекор по чекор, многу полека.

Поглед од пештера

Вие сте страсна и активна личност. Многу сте остроумни и имате добра смисла за хумор – ова се вашите најголеми адути. Онаму каде што ќе се појавите, станува празник. Единственото нешто што треба да го промените кај себе е тоа да станете повеќе промислени. За жал брзоплети сте при носење одлуки, а јазикот ви е побрз од умот. Ова не ја намалува вашата дарба да ги анимирате луѓето и да ги поведете со себе.