Тесла удри во дрво, двајца мртви: Полицијата во шок сфатила дека никој немало зад воланот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи загинаа во сообраќајна несреќа во Тексас откако автомобилот „Тесла“ во кој се возеле удрил во дрво и се запалил.

Loading...

Официјални лица потврдија дека никој не бил зад воланот.

Автомобил „Тесла Модел С“ направен во 2019 година се возел на патот во американската држава Тексас за време на несреќата, што се случила во саботата вечерта.

Според американските медиуми, во еден момент, автомобилот излетал од улицата, удрил во дрво и се запалил.

Откако пожарникарите го изгаснале пожарот, пронашле двајца мртви.

Едниот имал 59, а другиот 70 години.

Но, она што е особено интересно е што не е пронајдено тело зад воланот – едното било пронајдено на совозачкото, а другото на задното седиште.

 

Loading...

Leave a Reply