Тесла: Нови услови за љубителите на криптовалути

Сподели со своите пријатели

Тесла наскоро би можел повторно да прифаќа Биткоин како средство за плаќање доколку рударите користат обновлива енергија.

Loading...

Елон Маск и Тесла веќе подолго време влијаат на вредноста на крипто-валутите. Имено, Биткоин е на милост и немилост на оваа компанија, па затоа најпрво беше објавено дека заинтересираните купувачи ќе можат да плаќаат за производите на Тесла со помош на Биткоин, но таа одлука наскоро беше одбиена поради загриженост кон животната средина.

Според вестите од компанијата Тесла, цената на Биткоин скокнала вртоглаво, а потоа паднала, па Маск решил да излезе на Твитер во јуни и да им објасни на луѓето што се случува.

 

 

По тој повод, тој објави дека Тесла продал само 10% од криптовалутите што ги поседувал и додаде дека компанијата повторно ќе ги одобри трансакциите со Биткоин кога крипто-рударите ќе започнат да користат обновлива енергија. Твитовите предизвикаа бура од реакции, во кои некои тврдат дека обновливите извори на енергија веќе се користат за рударство, додека други посочуваат дека тоа не е точно.

Тој додаде дека Тесла повторно ќе започне да прифаќа Биткоин кога бројот на оние што користат зелена енергија надмине 50%.

Loading...

Бидејќи Маск има големо влијание врз судбината на Биткоин, но и на крипто-валутите воопшто, останува да видиме како новите вести ќе влијаат на вредноста.

Leave a Reply