Тесла испорача рекорден број автомобили во второто тримесечје

Сподели со своите пријатели

Производителот на електрични возила Тесла во неделата објави дека испорача рекордни 466.000 возила во вториот квартал од оваа година, додека произведе речиси 480.000 од нив, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Loading...

Повеќето од седанот Model 3 и кросоверот Model Y беа произведени и испорачани, со 460.211 произведени и 446.915 испорачани.

Покрај тоа, Tesla произведе 19.489 од поскапите Model X и Model S, а испорача 19.225 од нив.

„Трофејно тримесечје“

Аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс, го нарече „трофеј квартал“ за компанијата.

Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа се очекуваше, додаде тој, наведувајќи дека на Волстрит се предвидува испорака на околу 447.000 возила.

Во април оваа година, Tesla ги намали цените на своите возила по петти пат од јануари, намалувајќи ги трошоците меѓу 2 и речиси 6 отсто.

„Намалувањето на цените од почетокот на 2023 година е голема победа за Илон Маск и компанијата, бидејќи се чини дека побарувачката останува многу силна и ефикасноста на производството овозможи масивни испораки“, рече Ајвс.

Тие бројки се значително повисоки во споредба со истиот период минатата година.

Loading...

Во вториот квартал од 2022 година, имено, Tesla пријави 254.695 испорачани и 258.580 произведени возила. Меѓутоа, во првиот квартал од 2023 година, Tesla произведе околу 441.000 возила и испорача околу 423.000.

Оваа година Tesla има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила.