Тесла го има најбрзиот електричен автомобил на Нирбургринг, го надмина Поршето за 12 секунди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

S Plaid постави нов рекорд на патеката кога станува збор за електрични автомобили и ја зема титулата најбрз од електричен автомобил.

Loading...

Илон Маск објави дека Tesla Model S Plaid проби низ Нирбургринг за неверојатни 7 минути и 30.909 секунди, и овој резултат беше постигнат на конфигурацијата на патеката на 20,6 километри.

Што се однесува до подолгата конфигурација на патеката, онаа на 20,8 километри, која се користи почесто од 2019 година, резултатот е исто така импресивен и изнесува 7 минути и 35.579 секунди.

 

 

Инаку, првото тестирање на Model S Plaid на познатата германска патека започна пред две години, а сега конечно го имаме официјалното време на најбрзиот круг.

За споредба, претходниот рекордер, Porsche Taycan Turbo, ја мина патеката од 20,6 километри во 2019 година за 7 минути и 42,3 секунди.

Loading...

Нема да биде изненадување ако Порше се врати со помоќен Taycan Turbo S и се обиде да ја врати титулата.

Двете најбрзи електрични возила на патеката долга 20,6 километри се Volkswagen ID.R со време од 6: 05.336 и Nio EP9 со време од 6: 45.90, но тоа не се автомобили од сериско производство.