Тешко повредено 13-годишно девојче од Куманово, со својот мотор се судрила со автомобил

Сподели со своите пријатели

Тринаесетгодишно девојче од Куманово е тешко повредено, откако со својот мотор учествувала во сообраќајка со автомобил.

Loading...

– На 16.05.2021 околу 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply