Дваесетгодишна девојка од Старо Нагоричане викендов се здобила со тешки телесни повреди откако со своето „ауди“ излетала од патот Куманово – Крива Паланка.
Loading...
– На 12.07.2025 околу 18.55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.С.(20) од с.Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски