Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишен велосипедист од Куманово бил тешко повреден откако во него удрил сограѓанин со мерцедес.

Loading...

– На 01.10.2022 околу 09,45 часот пријавено е дека во Куманово, на ул. „Народна револуција“ и бул.„3-та Македонска ударна бригада“, патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од З.С.(54) од Куманово удрило во велосипедист Т.К.(70) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата велосипедистот Т.К. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце