Тешко повреден велосипедист во Куманово

Сподели со своите пријатели

Велосипедист од Куманово е тешко повреден откако во него удрил возач на мопед, кој потоа го напуштил местото.

-На 14.07.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на земјен пат, кај место викано „Бавчи“ во Куманово, мопед „томос“, управуван од непознат возач, кој го напуштил местото на незгодата, удрил во велосипед „собим“, управуван од Џ.С.(36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *